Врховниот суд на Холандија пресуди дека Герт Вилдер ги навредил Мароканците на митинг во 2014 година

Од:

Врховниот суд на Холандија денеска го прогласи холандскиот екстремно десничарски политичар популист Герт Вилдерс за виновен за навреда на Мароканците за време на предизборен митинг во 2014 година, јави ДПА.

Високиот совет, највисокиот суд во земјата, ја потврди претходната одлука.

Исто како и понискиот Аелациски суд, и Високиот совет, исто така, утврди дека Вилдерс не е виновен за дискриминација и поттикнување омраза.

Судот не изрече казна и Волдерса не може да се жали против пресудата, пренесува ДПА.

Пресудата се однесува на говорот на анти-исламскиот политичар, одржан во 2014 година, кога ја праша толпата дали сакаат повеќе или помалку Мароканци во Холандија. Потоа самиот го предводеше скандирањето за „помалку, помалку“ Мароканци. Како одговор, Вилдерс рече: „Тогаш ќе го средиме тоа“.

Минатиот септември, холандскиот Апелациски суд го донесе истиот заклучок, но Вилдерс се жалеше на пресудата нарекувајќи ја политички процес што ја ограничува неговата слобода на изразување.

Високиот совет донесе одлука дека говорот не му бил покриен со слобода на изразување, наведувајќи дека „дури и политичар мора да се придржува до основните принципи на владеењето на правото и не смее да поттикнува нетолеранција“.

Одлуката нема да влијае на позицијата на Вилдерс како лидер на парламентарната група на крајно десничарската Партија за слободата (ПВВ), третата најсилна партија во холандскиот Парламент со 17 од 150 пратеници.

Говорот на Вилдерс тогаш предизвика голем гнев низ Холандија, каде беа поднесени повеќе од 6.000 жалби.

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски