Врховниот суд на Бразил времено го запре процесот против претседателот Темер

Од:

Обвиненијата покренати против претседателот на Бразил, Мишел Темер нема да бидат поднесени на разгледување во Долниот дом на Парламентот се додека не биде донесена конечна одлука за валидноста на доказите против шефот на државата, одлучи синоќа судија на Врховниот суд на Бразил.

Судот ги прифатил аргументите на адвокатите на Темер дека прво треба да се донесе одлука по барањето за неприфаќање на доказите, врз основа на кои се заснова обвинението против него.

Во мај, бразилските бизнисмени Жоесли и Весли Батиста му предадоа на Врховниот суд аудио-запис што сугерира дека претседателот бара мито за поранешниот претседател на парламентот, Едуардо Куња. Сепак, на почетокот на септември, главниот обвинител Родриго Жано изјави дека во овој случај се појавиле нови околностите и дека бизнисмените сокриле од правдата некои од информациите за извршени кривични дела.

Според адвокатите на Темер, поради откриените информации, сите докази собрани против него треба да се прогласат за неважечки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск