Времето истече, за подморницата Титан останува малку надеж: Сега се е среќа

Од:

Под претпоставка дека екипажот на Титан е сè уште жив, токму во овие моменти истекува снабдувањето со кислород на мини-подвозникот.

Спасувачките тимови кои трагаат по подморницата Титан се потпираат на среќата. д-р. Сајмон Боксал од Универзитетот во Саутемптон објасни за Sky news дека сè уште не е познато до која точка стигнал Титан на своето патување пред да изгуби контакт.

Ако подморницата била блиску до површината кога е изгубен контактот и сè уште тоне до морското дно, може да се лизга долго време.

– Ова е причината зошто областа за пребарување е толку голема. И тука се двете најкомплексни струи во светот. Луѓето претпоставуваат дека длабоките океани се многу тивки. И тука ги имате некои од најсилните океански струи, Ако подморницата се уште е блиску до површината, може да помине десетици милји пред да потоне на морското дно, објасни Боксал.

– Сега спасувачите всушност се потпираат на среќата повеќе од било што друго, додава тој.

Француски истражувачки брод кој носи робот кој може да нурне до екстремни длабочини пристигна на локацијата каде што се бара Титан.

Француски робот се подготвува да влезе во водата, соопшти американската крајбрежна стража.

Во неколку повторени твитови, агенцијата потврди дека Л’Аталанте пристигнал на местото за пребарување и дека го подготвува своето возило со далечински управувач.

Канадскиот Horizon Arctic, исто така, распореди свој брод со далечински управувач кој стигна до морското дно и почна да ја бара исчезнатата подморница.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Застрашувачка снимка од претходната мисија на Титан: Капетанот изгуби контрола над подморницата

Американците веруваат дека се најдени човечки останки во остатоците од Титан

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Остатоците од подморницата Титан извлечени од дното на Атлантикот

ВИДЕО: Адел се потсмеваше со трагедијата на концерт: Дали би оделе со подморница до дното на океанот?

Предраг Петровиќ

Мајката на момчето кое загина во подморницата: Сакаше да ја реши Рубиковата коцка на 3.700 метри длабочина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Анимација која покажува што се случувало со подморницата

Предраг Петровиќ