Време е Русија и Западот да сопрат со економските санкции

Од:

Ајриш тајмс – Даблин

Директните споредби на Ирска со Украина не е нешто вообичаено. Сегашната криза во Украина, која драматично се разгоре неделава, всушност потсетува на ситуацијата со нашиот поделен остров. Украина, слично на Ирска, има голем и силен сосед на исток, заедно со малциснко население кое е тесно сврзано со културни, јазични о етнички односи со тој сосед.

Во текот на неколку века, Украина беше неодвоив дел од растечката Руска/Советска империја и во најдобар случај се радуваше на провинцијална автономија. Со распадот на Советскиот сојуз во 1991 година, беше постигната независност на земјата. Тогаш тоа предизвика извесни проблеми за рускојазичното населние во Украина, но новата република остана тесно поврзана со Русија, а руската црноморска флота дури продолжи да биде стационирана на Крим. Сето тоа се промени во февруари 2014 година, кога демократски избраниот претседател Виктор Јанукович беше истеран од проевропската опозиција на правно сомнителен начин. Како резултат на тоа, Русија го анектираше Крим по набргу организиран референдум, а источните украински реони со центар во градот Доњецк, прогласија независност од владејачките структури од Киев.

Сличноста со кризата во Алстер од 1912-1922 година е воочлива. Се разбира, шесте грофовства во Северна Ирска беа отцепени од останатиот дел на островот пред правното создавање на слободна ирска држава, така што поделбата на Ирска не беше во спортивност со меѓунардното право, за разлика од случајот со загубата на Крим од Укрина или (евентуално) нејзините источни области.

Од друга страна, политиката на Лондон од 1920 госина наваму во многу аспекти беше многу помалку слична од таа која сега ја води Москва – на пример, гранците на Украина често се менувале низ вековите, за разлика од островот Ирска кој е јасно одвоена географска единица. Освен тоа, Крим никогаш не бил дел од Украина пред 1954 година, и најмалку Украинци некогаш живееле таму. Исто така, во моментов Русија не сака источните области на Украина да бидат отцепени и вклучени во Руската федеравија, туку само настојува правата на рускојазичното население во Украина да бидат целосно заштитени.

Обратен ефект

Нема сомнение дека почитувањето на меѓународното право е од првостепено значење за односите помеѓу државите. Но би требало да е очигледно дека политиката на Западот кон Украина не е само лицемерна во тој смисол, туку има и обратен ефект.

Никој не би се осмелил да ја дефинира путиновата посткомунистичка Русија како образец за демократските вредности. Ниту пак може да се негира дека рушењето на авионот МХ017 над Источна Украина минатото лето беше нешто друго освен страшен воено злострорство, за кое Русија треба да понесе голема одговорност. Иако современа Русија навистина полага напори да учествува за општата благосостојба на свиоте граѓани во услови на тешка економска ситуација. Исто така постои основа да се претпостави дека русите не се по природа анѕтизападно настроени.

Но како и сите држави, и русите се подготвени да го заштитат она кое го сметаат за свој национален интерес. Правилно или не, тие сметаат дека едно непријателска влада во Киев би била неблагопријатна за тие интереси. Во однос на тоа, изгледа тека тие не беа поразлични од Британците во однос на Ирска, или од Американците за Куба. Следствено, ЕУ и САД постапија дрско затоа што ја поддржаа смената на владата на Јанукович минатата година. Позицијата која ја заема ЕУ во тој случај, беше јавно антируска и не земаше предвид дека дел од украинската опозиција против Јанукович се состоеше од крајнодесни елементи, од кои некои со неонацистички ставови.

Подемот на џихадистичкиот ислам

Затоа сега не е време Заапдот да се впушта во битка со Русија заради Украина. Сите страни во моментов ќе загубат од таквиот чекор, кога светот е малтретиран од доста потешки проблеми. Не на последно место меѓу нив е и подемот на џихадистичкиот ислам, кој претставува еднакво иста опасност како за Русија, така и за Западот. Заедничките дејствија на Русија и Западот се од суштинско значење за борба против таа закана, и со заканата од можен распад на Сирија и на други држави на Блискиот исток.

Но недостиг на соработка има и во Советот за безбедност на ОН. Освен тоа, се поголема штета причинуваат редица економски санкции кои ги наметнуваат двете страни. Меѓу нив е целосната забрана за увоз на земјоделски производи од ЕУ во Русија, која негативно се одразува на ирските фармери и предизвикува намалување на меѓународната цена на млекото и на други прехрамбени стоки.

Време е ове санкции да бидат симнати пред да предивикаат уште штети. Неопходен е меѓународен дроговор за озаконување на анексијата на Крим и гарантирани права за рускојазичното население во една и единствена Украина. Во замена за тоа, Русија треба да се ангажира да стане полноправен и почитуван член на меѓународната заеднца.

Ех да можеше уставното прашање на островот Ирска да биде решено толку лесно.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство