Последниот член на тимот на американската телевизиска мрежа NBC кој беше киднапиран во Сирија, Јан Риверс, е ослободен и сега се наоѓа на безбедно место во Турција.
Риверс беше техничар во тимот што го предводеше воениот дописник Ричард Енџел. Екипата е киднапирана во Сирија во четвртокот, а Енџел и неколку други лица од екипата беа ослободени во понеделникот.
Риверс, рече дека, всушност, побегнал од киднаперите, членови на милитантната прорежимска група, искористувајќи некоја конфузија во некој вид на размена, објави АП.
Неколку новинари се убиени во Сирија. Меѓу нив е наградуваниот француски телевизиски новинар Жил Жаку, фотографот Реми Олик, британскиот дописник на “Сандеј тајмс” Мари Колвин, додека Ентони Шадид дописникот на “Њујорк тајмс” почина по нападот на тешка астма, додека беше на задача во Сирија, пренесе Асошиетед прес .