Момче од Палестина трагично загина кога влегло во заградениот простор на лавот во зоолошка градина.
Вчера 6-годишниот Хамада Иктиет отишол со семејството во приватна зоолошка градина во Газа кога голема дива мачка го фатила за врат.
На вознемирувачките снимки кои кружат на социјалните мрежи, може да се види лав кој со сите сили се обидува да одвлече момче заглавено меѓу решетките во кафезот. На решетките можете да се видат и ужасни дамки од крв.
Портпаролот на полицијата рече дека животното го нападнало малото дете откако Хамада се качил низ заштитната ограда во зоолошката градина во паркот Асда во градот Кан Јунис, јужна Газа. Семејството на момчето, сепак, тврди дека момчето, кое било во зоолошката градина со мајка му и другите членови на семејството, само се приближило до надворешната ограда каде што стоел лавот.
Полицијата го затвори паркот до завршување на истрагата.