ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Човек се разнесе со бомба на состанок на куќен совет во Кина, загинаа петмина

Од:

Неидентификуван човек денеска детонирал екплозив за време на состанок во зграда на локалната власт во Мингѓинг, на периферијата на кинескиот град Гуангжу, убивајќи уште четворица луѓе, јавија медиумите.

Според официјални извори, уште петмина се повредени во експлозијата, додека локалните жители тврделе дека во инцидентот загинале дури 16 луѓе. На социјалните мрежи се појави вознемирувачка снимка на која е прикажано местото каде експлодирала бомбата, непосредно по експлозијата.

Според некои извештаи, напаѓачот бил 59-годишен локален жител по име Ху, а нападот се случил во просториите на куќен совет.

Државната новинска агенција Хсинхуа го нарече инцидентот „чин на саботажа“.

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

(ВИДЕО) Експлозија во Тексас: Четворица повредени, неколку домови оштетени

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок