ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 12 луѓе се удавија во поплавена метро-станица во Кина, расте бројот на жртви во потопот

Од:

Не стивнуваат вестите за катастрофалните последици од поплавите во Кина, за кои во земјата се вели дека се најголемите во последните илјада години.

Трагедија се случи во поплавена станица од подземната железница во градот Џенгџоу, каде десетици патници останале заробени во тунел од метрото. Поголемиот дел од нив биле спасени преку дупка на покривот од еден од вагоните, но 12 луѓе се удавиле, соопштија властите.

Силните дождови, кои со денови паѓаат во провинцијата Хенан, предизвикаа излевање на сите реки и пукање на неколку брани, а поради поплавата, се случи и експлозија која целосно уништи фабрика за алуминиум во областа. Според последните информации, властите потврдиле 25 смртни случаи, но се претпоставува дека бројот на загинати во катастрофалните поплави е далеку поголем.

Најмалку 200.000 луѓе мораа да ги напуштат домовите и тие се евакуирани во други области. Околу половина од расселените поради поплавите се од Џенгџоу, според властите.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина