Воздушен напад врз кампови на „Ал Шабаб“ во Сомалија

Од:

Кениските воздухопловни сили бомбардираа два кампа на „Ал Шабаб“ во Сомалија, што е прв поголем воен одговор на минатонеделниот напад од страна на оваа екстремистичка група врз универзитетски кампус, во кој загинаа 148 лица, а околу 80 се повредени, соопштија безбедносните сили.

Борците на „Ал Шабаб“, сомалискиот огранок на Ал Каеда, минатиот четврток извршија напад врз Универзитетот Гарисо, на околу 200 километри од границата со Сомалија.

Воздушен напад вчера е извршен врз камповите во Гондодове и во Исмаил, кои се наоѓаат во областа Гедо на границата со Кенија.

Засега нема информации дали има жртви, ниту материјална штета во нападите.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија