Воведена вонредна состојба во Етиопија

Од:

По неколкудневните антивладини протести во Етиопија властите воведоа вонредна состојба. Протестите се оценуваат како најмасовни во последните 25 години, а вонредната состојба властите ја оправдуваат со цел спречување на убиствата и нападите на етничка основа.

Министерот за одбрана соопшти дека вонредната состојба е воведена на период од шест месеци, со можност за евентуално продолжување. Тој сепак ја исклучи можноста армијата да ја преземе власта.

Протестите започнаа на почетокот на неделата со барање за ослободување на политичките затвореници и за итни реформи. По стартот на демонстрациите премиерот Хајлемаријам Дасалан поднесе оставка истакнувајќи дека сака да придонесе за забрзување на политичките реформи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он