Властите во источниот град Којду во Сиера Леоне вчера воведоа полициски час по судирот меѓу млади лица и припадници на полицијата поради страв од проширување на ебола.
Очевидци изјавиле дека виделе две тела со рани од огнено оружје.
Шефот на локалната полиција изјави дека младите лица отвориле оган врз полицајците, но демантираше дека има жртви.