Воспитувачки користеле дрога за да ги заспијат децата во Талјанд

Од:

Тајванската полиција покрена истрага откако откри дека воспитувачки користеле дрога за да ги заспијат децата.

Како што јавува Би-Би-Си, необичниот случај привлече големо внимание на островот, а воспитувачките во градинка во „Њу Тајпеј“ се обвинети дека ги заспивале децата користејќи сирупи кои содржат моќни лекови како фенобарбитон и бензодиазепини, кои предизвикуваат зависност.

Родителите на децата одржаа и неколку протести пред владините згради барајќи истрагата да биде транспарентна. Се верува дека најмалку 20 деца биле успиени со користење на овие лекови. Воспитувачки беа суспендирани на шест месеци и казнети со 1,4 милиони тајвански долари (околу 46.000 американски долари).

Градската болница во Тајпеј на родителите им понуди бесплатни тестови за деца од предучилишна возраст за да проверат дали има траги од седативи во нивната крв.

Родителите прво забележале дека децата имаат апстиненцијална криза за време на новогодишните празници, кога неколку дена не оделе во градинка.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда