Вооружени лица упаднале во училишен комплекс во северна Нигерија и киднапирале „стотици ученици“ и неколку наставници, јавија француски медиуми, а некои извори тврдат дека едно лице е убиено во нападот.
– Напаѓачите синоќа упаднаа во државниот колеџ Кагари и киднапираа стотици ученици и нивните наставници, изјави локален официјален претставник кој побара да остане анонимен.
Вработените во училиштето рекоа дека еден ученик е повреден, а некои ученици успеале да избегаат. Во колеџот има вкупно околу 1.000 ученици.