Вооружени напаѓачи украле накит вреден 1,2 милиони евра во Единбург

Од:

Две вооружени лица извршија грабеж во една луксузна продавница во Единбург, при што однесоа накит и скапи машки и женски часовници во вкупна вредност од 1,2 милиони евра.

Шкотската полиција соопшти дека грабежот се случил доцна синоќа и започната е опсежна потрага по крадците, кои побегнале во непознат правец.

Станува збор за две лица, кои со моторцикли влегле во продавницата, ги искршиле со секири витрините и од нив земале се што им се нашло на дофат. Еден од крадците. кој носел пушка, грабнал една од продавачките и ја присилил да ја отвори витрината што била најблиску до неа. Жената по грабежот била ослободена и не била повредена.

Крадците имале заштитни шлемови на главата, кои целосно им го покривале лицето, што дополнително им ја отежнува работата на полицијата за идентификување на крадците.

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро