Вооружени напаѓачи на 2 ноември убиле 69 луѓе во југозападниот дел на Нигер, меѓу жртвите е и локален градоначалник.
Делегацијата предводена од градоначалникот на Банибангу падна во заседа на околу 50 километри од градот во близина со границата со Мали. Во тоа подрачје дејствуваат милитанти поврзани со локалниот огранок на Исламска држава, кој годинава уби стотина цивили во Нигер.
Нападот го преживеале 15 лица, но се уште никој не презел одговорност.
Областа во сиромашната и сушна зона во Западна Африка ги опфаќа граничните подралка на Нигер, Мали и Буркина Фасо, што во изминатите години е зафатена од насилство во кое илјадници луѓе се убиени, а милиони се раселени.
Исламистичките групи само во 2021 година убија над 530 луѓе во пограничното подрачје на југозападен Нигер, што е за петпати повеќе жртви од цела 2020 година.