Вооружени напаѓачи нападнаа автобус и убија најмалку 19 патници во западен Нигер, на границата со Буркина Фасо, пренесува Еуроњуз.
Повеќе од 10 осомничени џихадисти запреа автобус на мотоцикли во средата во близина на селото Фоно, убивајќи патници пред да го запалат возилото, јавуваат денеска западни медиуми.
Локалните власти соопштија дека неколку патници се повредени, додека некои се водат како исчезнати. Автобусот се движел од главниот град на Буркина Фасо до главниот град на Нигер.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но слични напади се случија во близина на границата со Буркина Фасо, во акции на џихадистички групи поврзани со терористичките групи Ал Каеда или Исламската држава.
Извор: МИА