Вооружени мажи убија најмалку 20 лица додека излегувале од џамија во северениот дел на Нигерија, соопшти претставник на локалните власти.
Нападот бил извршен во селото Дого Дауа, во сојузната држава Кадуна. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Според претставник на локалните власти нападите најверојатно се извршени од криминална банда, со која локалните жители неодамна имале вооружена престрелка.
Сојузната нигериска држава Кадуна постојано е цал на напади од страна на исламистичката група Боко Харем.