Вооружени исламисти убија 18 лица во Нигерија

Од:

Вооружени исламисти отворија оган врз цивили на пазар во гратчето Дамбоа, во североисточниот дел на Нигерија, при што загинаа 18 лица во еден од најкрвавите напади во последните неколку недели, соопшти претставник на локалните валсти.

Цел на синоќешниот напад очигледно биле локални ловци во Дамбоа, кои продаваат месо од мајмуни и свињи, кое на муслиманите им е забрането да го конзумираат.

– Вооружените напаѓачи за кои постои сомневање дека се членови на Боко Харам дошле на градскиот пазар и убија 13 локални ловци на самото место, а останатите петмина починале во болница од здобиените повреди, истакна локалниот функционер Алхаџи Аба Ахмед.

Според него, тие пристигнале на пазарот со автомобил, го извршиле нападот и заминале.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он