Вооружена група убила четворица заложници во Нигерија

Од:

Вооружена група, која пред пет месеци киднапира хуманитарни работници на североистокот на Нигерија, тврди дека убила четворица заложници, соошти меѓународната хуманитарна организација „Акција против гладот“.

Во јули беа грабнати шест лица во непосредна близина на градот Дамасак, во нигериската држава Борно, каде се активни исламистичките бунтовници, пренесоа британските меидуми.

Британските медиуми потсетуваат дека Исламска држава на провинциите од западна Африка (ISWAP), која се одвои од милитантната група Боко Харам, станала доминантна исламистичка група во регионот, не наведувајќи кој стои зад киднапирањата и убиствата на заложниците.

Боко Харам пред 10 години почна исламистички бунт во регионот во текот на кој животот го загубија околу 30.000 лица, додека два милиона мораа да ги напуштат своите домови.

Организацијата „Акција против гладот“ соопшти дека во јулската акција на исламистите биле киднапирани тројца нејзини вработени и тројца претставници на нигериското Министерство за здравство.

Оваа хуманитарна организација во септември наведе дека бил убиен еден од заложниците, додека денеска дополни дека се убиени уште четворица од петмината останати заложници.

„Акција против гладот“ најостро ги осудува последните убиства и изразува длабоко жалење што нејзините повици за ослободување на заложниците не вродија со плод, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он