Еден египетски полицаец е убиен, а тројца се повредени во вооружен судир со осомничени терористи што се случил во близина на центарот на Каиро, соопшти синоќа египетскиот јавен обвинител.
Вооружените напаѓачи се убиени, објавија некои светски агенции повикувајќи се на двајца неименувани безбедносни извори и две приватни телевизии, кои објавија и снимки од пукањето.
Веродостојноста на снимката се уште не е потврдена.
– Првичните истраги покажуваат дека осомничените планирале да извршат терористички напад, изјави еден безбедносен извор, додавајќи дека кај осомничените е пронајден експлозив и оружје.
Обвинителот нареди истрага за престрелката.