Вооружен судир меѓу индиските и кинеските сили во градот Таванг

Од:

Индиските и кинеските сили во петокот се судриле во градот Таванг, во индиската држава Аруначал Прадеш, јави денеска агенцијата АНИ, повикувајќи се на свои безбедносни извори.

Британските медиуми јавуваат дека судирот резултирал со неколку полесно повредени војници на двете страни.

Портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи не одговори на барање за коментар.

Индија и Кина делат спорна граница долга 3.800 километри, каде што нивните сили претходно следеа долгогодишни протоколи за избегнување употреба на какво било огнено оружје во целата должина на де факто границата, позната и како Линија на вистинска контрола (LAC).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок