Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Од:

Две лица се застрелани, а тројца се тешко ранети во населбата во близина на јужната железничка станица во Брисел, соопшти полицискиот портпарол.

Истрелите биле испукани во близина на кафуле во бриселскиот кварт Сен Жил. Лицето или лицата осомничени за нападот се во бегство.

Во нападот се ранети три лица, од кои две се во тешка состојба, додека состојбата на третото лице е стабилизирана, изјави портпаролот на полицијата.

Округот беше идентификуван од властите оваа година како едно од жариштата за шверц на дрога во Брисел.

Сепак, полицијата засега не го поврзува инцидентот со дрога.

Агенцијата Франс прес наведува дека во последните неколку години, Белгија бележи зголемување на вооруженото насилство поврзано со ривалството меѓу дилерите на дрога.

Вооружени судири на улиците се водат во Брисел и Антверпен, чие пристаниште стана главна точка каде нелегалниот кокаин од Јужна Америка влегува во Европа.

Би можело да ве интересира

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

Пукање во скопското село Моране, тешко повреден е маж кој е пренесен во болница

Тајната служба застрела маж пред Белата куќа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе

Осум осомничени за престрелката и убиството во Чаир

Инцидент во Германија: Tинејџер со пиштол пукал во поранешна девојка

Горан Наумовски