На киргистанско-таџикистанската граница утрово имаше престрелка помеѓу граничарите на двете земји, соопшти пограничната служба на Киргистан.
Инцидентот, според официјален Бишкек, настанал откако киргистанските граничари зазеле позиции во неразграничениот дел и почнале да пукаат кога им било посочено да ги напуштат „борбените позиции“ долж границата.
Според руските медиуми, еден таџикистански граничар загинал, а двајца се повредени.
Во изминатите години чести се судирите долж границата на Киргистан со Таџикистан.
Извор: МИА