Вонредна состојба во Молдавија поради недостиг на гас

Од:

Во Молдавија е прогласена вонредна состојба поради недостиг на гас. Прем иерката Наталија Гаврилица објасни пред Парламентот дека вонредните овластувања ќе и овозможат на земјата да увезува сино гориво од други европски држави.

Таквата одлука била неопходна бидејќи земјата не можеше да се потпре на преговорите со рускиот „Газпром“.

Актуелниот договор со руската компанија е со важност до крајот на месецов, но моментно Молдавија добива само една третина од нормалното количество за октомври, по цена која за само еден месец се зголеми од 550 на 790 долари за илјада кубни метри.

Поради недостиг на гас изгасна „вечниот оган“ пред споменикот за Втората светска војна во Кишињев.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он