Европскиот парламент најави дека ќе одржи вонреден состанок на 16 и 17 април во Брисел со цел усвојување резолуција за епидемијата Ковид-19, како и за можните нови предлози од Европската комисија за справување со последиците од ширењето на инфекцијата.
Мерките на претпазливост воведени од ЕП за спречување на епидемијата не се во спротивност со законодавството, се вели во соопштението.
ЕП неодамна ја искористи по првпат можноста да се гласа од далечина, и се предвидува функционирање на тој начин се додека е неопходно. Во март, ЕП одлучи да не заседава во Стразбур, најмалку до септември, како мерка во услови на епидемијата.