Вонредна седница на Британскиот Парламент за учество во нападите врз ИД

Од:

Британскиот Парламент ќе биде свикан на вонредна седница за да расправа за вклучувањето на воoружените сили на Велика Британија во воздушните напади врз позициите на џихадистите од Исламска држава во Ирак, тврдат лондонските медиуми.

Засега нема официјална потврда за одржување на седница во време кога Парламентот не работи, но според медиумите расправата во Долниот дом ќе се оддржи во петок.

Неколку лондонски весници денеска тврдат дека британската Влада веќе се согласила да им се приклучи на САД, Франција и на петте земји од антиџихадистичката коалицијата во бомбардирањето на позициите на исламистите, но само на ирачка територија, како и дека за тоа ја има поддршката на мнозинството ториевски пратеници.

Официјален Лондон досега одбиваше да се вклучи во воздушните напади, тврдејќи дека Велика Британија од порано е силно воено присутна во Ирак во борбата против ИД со авионите „Торнадо“, како и со други воени летала во операции на надгледување и шпионирање над ирачкиот воздушен простор и со вооружувањето на борците на Курдите.

Сега медиумите тврдат дека ирачката Влада ќе упати до Лондон и формално барање за приклучување на британските воздухопловни сили во операциите против Исламска држава.

Премиерот Дејвид Камерон, кој е во САД на специјалниот самит за климатските промени и на годинешново Генерално собрание на ОН, изјави уште пред заминувањето дека во Њујорк, со другите политички лидери ќе разговара за британското учество во антиисламиситчката коалицијата.

Камерон рече дека ИД поседуваат нафта, пари, оружје, територија, забележувајќи дека во „нивните глави сигурно има планови и за напди врз Европа и насекаде во светот“.

Британската опозициска Лабуристичка партија најави дека е „подготвена да ги подржи нападите врз ИД на британската авијација“.

Лидерот на лабуристите Ед Милибанд рече за Би-Би-Си дека заканата од ИД не може да се игнорира, но дека за воздушните напади е потребна и резолуција на Советот за безбедност.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски