Вонреден состанок на министрите на ЕУ по нападот во Париз

Од:

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европката унија ќе се состанат в петок на 20 ноември, во Брисел на вонреден состанок, на кој ќе разговараат за безбедносните предизвици по нападите во Париз, соопшти Луксембург, кој е актуелниот претседавач со ЕУ.

– Соочени со варваризмот и тероризмот, Европа мора да биде обединета со Франција, изјави министерот за внатрешна безбедност на Луксембург, Етјен Шнејдер.

Во писмената изјава Шнејдер додаде дека одлуката за одржување на вонреден состанок на министрите за внатрешни работи и правда на ЕУ е донесена во договор со француските власти.

Шнејдер синоќа во Париз се состана со францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев и еврокомесарот за миграции Димитис Аврамопулос.

Целта на состанокот в петок е да се обезбеди силен и обединет одговор на Европа.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва