Волво полни батерии за час и половина

Од:

Во развојните одделенија на Volvo инженерите почнуваат да го тестираат новиот систем за брзо полнење на батериите кај електричните автомобили кои ќе се полнат на максимум во само 90 минути.

Достигнувањето на полн капацитет на батериите во временски период од час и половина до сега беше незамисливо. Тоа е за 6 побрзо од времето кое до сега беше потребно за оваа операција околу 9 часа.

Дополнително со новиот полнач достигнувањето на 80% од полниот капацитет на батериите е возможно за само 30 минути што на пример на Volvo C30 Electric му овозможува автономија од 80 km.

Новиот полнач од 22 kW е првиот на светот кој работи на трифазен приклучок од 400V и јачина од 32А и е доволно мал за да може да се смести во електромобил и воедно може да полни и приклучен на стандарден електричен приклучок.

Во тој случај времето на полнење на батериите се продолжува на 8 до 10 часа зависно од јачината на струјата. Новиот полнач на почеток сериски ќе се вградува во Volvo C30 Electric, а во иднина ќе го користат и plug-in хибридите.

Би можело да ве интересира

„Хјундаи“: Сите наши возила се со ист квалитет

Емир Латифовиќ

„Киа“ ги објави првите фотографии на новиот „Соренто“

Емир Латифовиќ

Доаѓа освежениот Citoren C3

Емир Латифовиќ

GMC отвора 2.600 работни места во Бразил

Емир Латифовиќ

Нов концепт од Honda наречен Gear

Емир Латифовиќ

Top Gear се враќа

Емир Латифовиќ