Руски авиони наводно бомбардирале тајна база на ЦИА во Сирија, во близина на јорданската граница, пренесува “Волстрит Журнал“. Во базата која била погодена со касетни бомби и била целосно уништена минатиот месец, биле припадници на американската и британската војска, тврди весникот.
-Рускиот удар на тајната база на ЦИА е дел од притисокот кој Кремљ го врши на САД, со цел да се постигне поблиска соработка и координација во воздушните напади во Сирија, пише “Волстри Журнал“, повикувајќи се на информации од високи официјални лица во Стејт Департментот.
Нападот на воената база се случи на 16 јуни, но за него се дозна дури сега. Во базата биле сместени американски и британски вокници, кои во моментот на нападот биле во Јордан. Ден пред нападот, дури 20 до 24 британски специјалци биле повлечени од таа база, исто како нивните американски колеги. Тие секогаш ноќе влегувале во Јордан, поради безбедносни причини. Во нападот биле убиени четворица сириски бунтовници кои останале во базата.
По нападот, американскиот главен штаб во Катар веднаш ја контактирал руската база во Катакија, и упатил остар протест. Меѓутоа Русите 90 минути по повикот на Американците повторно го нападнале истото место, иако знаеле дека тоа е тајна база на ЦИА, тврди “Волстри Журнал“.
Вашингтон минатата недела потпиша спогодба со Русите за заеднички напади на позициите на Ал-Нусра фронтот, и покрај противењето на Пентагон и ЦИА. За возврат, Русите ги запреа нападите на позициите на умерените сириски бунтовници кои се финансирани од Американците.
Во Кремљ не се запознати со инцидентот и упатуваат на прашања во руското министерство за одбрана.