Волстрит журнал: Претседателот на Јемен даде оставка под притисок на Ријад

Од:

Властите на Саудиска Арабија го принудија претседателот на Јемен, Абдрабу Мансур Хади да поднесе оставка. Претседателот е во домашен притвор, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на саудиски и јеменски официјални лица.

Претседателот на Јемен, по седум години граѓанска војна, делумно предизвикана од неговата неподготвеност да ја предаде власта на прогонетите Хуси, ја предаде целата власт, за преоден период, на претседателскиот управен Совет, составен од осум истакнати политички лидери. По меѓујеменските консултации во Ријад, беше најавен Совет, што ја повикува новата Влада да започне разговори со Хусите.

Според американскиот весник, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман Ал Сауд, на јеменскиот претседател, за време на разговорите во Ријад, му подарил „писмен указ“, каде се утврдени одредбите за делегирање на овластувањата на Советот. Според официјални лица, Мохамед му кажал на јеменскиот лидер дека другите учесници во консултациите се согласиле дека е потребна негова оставка.

Саудиските власти, обидувајќи се да го убедат Хади да се повлече, се заканија дека ќе објават наводни докази за неговите коруптивни практики.

Поранешниот јеменски претседател е „ефективно во домашен притвор во неговата резиденција во Ријад без пристап до телефони“, изјави саудиски функционер.

Според друг саудиски функционер, неколку јеменски политичари добиле дозвола од властите да го посетат Хади.

Трет саудиски функционер истакна дека Ријад „не го организирал“ отстранувањето на Хади од власт и не се заканувал со разоткривање коруптивни практики.

Од друга страна, портпаролот на новиот претседателски Совет, тврди дека Хади не е во домашен притвор. Истовремено, поранешниот портпарол на Хади, Мухтар ал Рахби нагласи дека отстранувањето на претседателот од власт го прекршува уставот на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен