Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД

Од:

Кина склучила таен договор со Куба за градење на објект за прислушавање на околу 160 километри од Флорида, пишува денеска Wall Street Journal (WSJ), повикувајќи се на официјален претставник од разузнавачките кругови.

Според весникот, ова ќе му овозможи на Пекинг да собира електронски комуникации од југоисточните американски држави каде што се наоѓаат бројни американски воени бази, а исто така ќе овозможи следење на поморскиот сообраќај.

Централната команда на САД е со седиште во Тампа, Флорида. Најголемата американска воена база Форт Либерти се наоѓа во Северна Каролина.

„Двете земји постигнаа начелен договор, а Кина ќе плати неколку милијарди долари на Куба за локацијата на шпионскиот објект“, пишува WSJ.

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна