„Волстрит журнал“: Европската улога го спречи можниот договор меѓу САД и Русија за Украина

Од:

Русија и САД одамна ќе постигнеа мирно решение за Украина доколку Европа не интервенираше во процесот, пишува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на анонимен француски функционер.

Францускиот функционер изјави дека, доколку не беа Европејците, рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп одамна ќе постигнеа договор за Украина, се наведува во статијата.

Според францускиот функционер, Европа е оставена сама на себе, бидејќи Американците се дистанцираат од регионот, што значи дека ќе мора повеќе да се потпира на сопствените сили.

Весникот, исто така, забележува дека, откако „Блумберг“ објави транскрипт од разговор меѓу рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков и специјалниот претставник на САД Стив Виткоф, многу луѓе добија впечаток дека администрацијата на Трамп е повеќе заинтересирана за подобрување на врските и зајакнување на економската соработка со Русија отколку за одбрана на НАТО.

„Блумберг“ претходно објави транскрипт од телефонските разговори на Ушаков со американскиот претседателски претставник Стивен Виткоф и Кирил Дмитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка.

Дмитриев го отфрли извештајот на агенцијата како лажен, пренесува „Спутник“. Блумберг тврди дека прегледал снимка од разговорот од 29 октомври, за време на кој тие наводно разговарале за начини за соработка со САД за план за решавање на украинскиот конфликт.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

По повеќе од две децении и 4.500 загинати Американци: Утре и последниот американски војник треба да го напушти Ирак

Русија предупреди: Секој напад на Калининград од Британија или НАТО ќе биде одвратен со сите средства, вклучително и нуклеарно оружје

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ

Русија тестираше ласер за неутрализирање на дронови

Предраг Петровиќ

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата