„Волстрит џурнал“: САД до крајот на годината ќе биде најголем светски производител на фосилни горива

Од:

САД до крајот на годината ќе станат најголемиот светски производител на фосилни горива и ќе бидат пред Русија и Саудиска Арабија, оценува „Волстрит џурнал“.

Весникот наведува дека САД ќе бидат први по производството на нафта и гас во светот благодарение на експлоатацијата на гас, а пред се и на нафта од шкрилци, што е во пораст последните две години.

Во првите шест месеци од годинава Русија просечно произведуваше 10,8 милиони барели нафта дневно, 900.000 повеќе од САД, кои произведуваа 9,9 милиони барели. Просечното дневно производство на нафта во Саудиска Арабија во првата половина од 2013 година изнесуваше 9,4 милиони барели.

– Според најновите тенденции, силниот раст на производството на црното злато во басенот Бакен во Северна Дакота и Игл Форд во Тексас од една страна и скромниот раст во Русија, САД летово веќе ја надминаа Русија, оценува „Волстрит џурнал“.

Според проценките на Меѓународната агенција за енергетика до промена на првото место нема да има пред 2017 година.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак