Волци во шведска золошка до смрт изгризаа жена

Од:

Вработена во зоолошка градина Колмарден во Шведска утрово беше изгризана до смрт од глутница волци, кога се обидувала да ги нахрани во нивното живеалиште.

Деветте волци ја опколиле жената, која била во раните триесети, и ја нападнале изгризувајќи ја до смрт.

Нејзиното безживотно и масакрирано тело го пронашол нејзиниот колега, но волците не му дозволувале да се приближи. Дури по неколку часа, група од работници успеале да ги разбркаат волците и го извадиле беживотноте тело на жената.

Нејзинито колега Јан Тенгерболд, се посомневал веднаш дека нешто не е во ред кога неговата колешка ја немало подолго од вообичаеното.

Директорот на зоолошката Матс Хогер не сакаше да го открие идентитетот на настраданата, но изрази жалење за немилиот настан преку шведските медиуми.

Вооружени полицијаци биле исто така присутни на спасувањето, но не пукале врз волците.

Она што ги загрижува шведските граѓани е дека ова не е прв случај овие волци да нападната некого, иако до сега никогаш не било со волку фатален крај.

Волците во зоолошката Колмарден во почетокот на годината нападнале 15 годишно девојче, нанесувајќи и одгризни рани на нозете. За среќа девојчето го преживеало нападот.

Истата глутница на волци 2007-та го нападна тв новинарот Арне Ваис , кога тој спремал репортажа за отворањето на оваа золошка сместена во заливот Брајвикен.

Тој утрово повторно ја пренесе својата загриженост. „Мора да престанеме толку блиску да им приоаѓаме, ризикот е преголем“, рече Ваис.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица