Волас: НАТО ќе го зајакне источното крило

Од:

Британскиот министер за одбрана Бен Волас денеска изјави дека во изминатите 48 часа, спротивно на тврдењата на Кремљ, распоредени се уште 7.000 руски војници во близина на границата со Украина.

– Последиците од масовното распоредување, речиси 60 отсто од руските копнени борбени сили на граница на суверена нација, ќе донесат спротивен ефект, посочи Волас пред почетокот на состанокот на НАТО во Брисел.

Тој додаде дека Алијансата е „смртно сериозна за зајакнување на своето источно крило за да и се спротивстави на руските закани.

– Смртно сме сериозни за тоа како ќе се соочиме со актуелната закана, Украина и потенцијално нашатÐ ° безбедност. Ова не е шега. Ова е прав предизвик за стабилноста на Европа, истакна Волас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск