Волас го повика Путин да ги повлече војниците од границата со Украина

Од:

Британскиот министер за одбрана Бен Волас денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги повлече војниците од границите со Украина и предупреди дека Москва ќе се соочи со долгорочни и тешки последици доколку нејзините сили ја нападнат оваа соседна земја.

– Секоја акција на Москва што би го загрозила суверенитетот на Украина не само што би имала тешки последици, туку би биле и долгорочни за Русија, изјави британскиот министер за одбрана.

Тој го повика претседателот на Русија да се откаже од плановите за кои смета дека може да предизвикаат смртоносна граѓанска војна на границите на Европа.

– Би сакал само да го повикам да размисли. Мислам дека Русија не сака такви последици. Не сакам да видам граѓанска војна или војна на работ на Европа, нагласи Волас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Двајца загинати во рускиот напад на Суми, соопшти Зеленски

А1он