Војската помага во расчистување по поплавите во Австралија

Од:

Австралиската војска денеска е испратена во опустошените области од поплавите во североисточниот дел на земјата за да помогнат во расчистувањето, откако водата почна да се повлекува во повеќето области.

Поплавите оштетија илјадници куќи и деловни објекти во државата Квинсленд, а во некои области нема струја и има недостаток на храна и вода.

Бројот на жртвите е зголемен на шест, откако денеска се пронајдени тела на двајца мажи во еден поток, околу 90 километри западно од Бризбејн.

Околу 120 војници се ангажирани во најтешко погодениот град Бандаберг, кој го напуштиле околу 7.500 жители, од кои илјада се евакуирани со хеликоптери. Во овој град поплавени се 2.000 домови, како и 200 деловни објекта.

Жителите на Бризбејн се предупредени да ја штедат водатa, бидејќи градските прочистителни станици се под притисок на каллива надојдена вода. Локалните власти тврдат дека се подготвени доволни количества флаширана вода во случај резервоарите да откажат.

Се прават напори да се испорачаат потребни производи до населението во најодалечените области, кои се уште се отсечени од светот без струја и вода.

Ова лето Австралија е зафатена од екстремни временски услови. Додека Квинсленд е поплавен, јужниот дел на земјата е зафатен од суша и високи температури, кои предизвикаа стотици пожари.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он