Војската почна да патролира на улиците во Виторија во Бразил

Од:

Над 1.000 војници се испратени да патролираат на улиците на југоисточниот бразилски град Виторија, по бранот грабежи, насилства и убиства.

Убиствата во градот, што се наоѓа во државата Еспирито Санто, на околу 740 километри од Сао Паоло, започнаа откако на улиците престанаа да патролираат возила на воената полиција. Роднини и пријатели на овие безбедносни сили ги блокираа касарните на воената полиција со барање за поголеми плати за нивните блиски.

Во понеделникот беа скршени излози и врати на продавници, откако ограбувачите ја искористиле настанатата ситуација. Групи на цивилната полиција употребиле сила за да ги запрат крадците.

Силите на војската беа распоредени со цел да помогнат да се запре растечкото безредие.

Бразилскиот министер за одбрана Раул Унгман изјави во понеделникот дека федералната војска ќе остане таму се додека се нормализира ситуацијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск