Војската бара Моралес да поднесе оставка за мир во земјата

Од:

Командантот на вооружените сили на Боливија, Вилијамс Калиман, изјави дека војската побарала претседателот Ево Моралес да поднесе оставка, за да помогне во обезбедувањето стабилноста во државата.

„Откако го анализиравме внатрешниот конфликт во земјата, го замоливме претседателот да се откаже од претседателскиот мандат, со цел да се врати мирот и да се одржи стабилноста во корист на Боливија“, рече Калиман пред новинарите.

Боливиските вооружени сили претходно соопштија дека наредиле воздушни и копнени операции да ги „неутрализираат“ вооружените групи што работат надвор од законот.

Протестите и немирите во Боливија започнаа по изборите кон крајот на октомври, на кои победи Ево Моралес, а во немирите досега се убиени три лица, со повеќе од 300 повредени.

Организацијата на американските држави (ОАС) соопшти дека ревизијата утврдила дека имало нерегуларности на изборите, а порано денеска Моралес се согласи да се одржат нови избори и да се заменат членовите на изборната комисија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукано во возилото на поранешниот претседател на Боливија

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он