НАТО соопшти дека војник од коалициските сили бил убиен денеска од припадник на авганистанските сили за безбедност во источната авганистанска провинција Пактија.
Според портпарол на Пактија, нападот бил извршен во авганистанската база во округот Герда Сараи. Коалициските сили соопштија дека е убиен и напаѓачот. Тоа е втор напад извршен од човек во силите за безбедност по помалку од една недела. На 21 септември во Пактија беа убиени тројца американски војници.