„Војна“ на австриските власти со неонацистите преку автомобилски таблички

Од:

Во рамки на „војната“ со домашните неонацисти и ултрадесничари, австриското Министерство за транспорт објави нова листа со повеќе од 30 забранети криптички кодови, што не смеат да се најдат на регистарските таблилки на возилата.

Во Австрија уште од 1989 година е забрането издавање на „лични“ регистарски таблички за возилата, за да се спречат неонацистите да стваат на нив скриени и помалку познати кодови поврзани со нивната екстремно десничарска идеологија.

Од поодамна е забранети на табличките да се најдат комбинации од бројки и букви во латиничното писмо, како „HJ“ (Hitler Jugend – Хутлерова Младина) или „NS“ (Национал социјализам).

Министерствоти за транспорт оваа листа ја дополни со нови знаци и симболи, откако беше објавено дека неонацистите сега имаат додадено нови скриени кодирани ознаки. Според новата листа на табличките не смее да стои бројот „88“, затоа што зад него се крие нацистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“ („Heil Hitler“), бидејќи во латиничното писмо, буквата „H“ е осма по ред.

Забранети се и таблички со комбинацијата „1919“, затоа што ја означува озлоглсената нацистичка војска „СС“ – буквата „С“ е 19 по ред во латиничната азбука. Забранета е и табличка со бројот „420“, бидејќи зад неа се крие роденденот на Адолф Хитлер – 20 април.

Во забранетиот список влегуваат и ознаките „WAW” што е германска кратенка за „Бела ариевска војна“ или комбинација од латиничните букви „FG” (германска кратенка за роденден на фирерот).

Претставник на Mинистерството во Виена изјави дека новиот дополнет список бил направен откако било откриено дека неонацистите имаат создадено „нова кодирана комуникација“.

Во листата на забранети ознаки сега се внесени и комбинацијата „IS“ (Islamic State) и „ISIS“ (Islamic State of Iraq and Syria), зад кои се препознава џихадистичката Исламска држава.

Сите овие криптички кодови што од денеска се забранети, се однесуваат на новите регистрации и новите регистарски таблички за автомобилите и другите возила.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски