Состојбата во Сирија ќе биде разгледана на годишната средба на началниците на генералштабовите на земјите-челнки на НАТО во Будимпешта следниот викенд, соопшти денеска претставникот на Воениот комитет на Алијансата, Дан Термансен.
Како што јави ИТАР-ТАСС, годишниот собир на Воениот комитет на НАТО во Будимпешта ќе се одржи од 13 до 15 септември.
Термансен посочи дека за Сирија ќе се разговара во „поширокиот контекст на сличните предизвици за државите-членки на Алијансаѕа во медитеранскиот регион и во Северна Африка“, одбивајќи да даде повеќе детали за можната содржина на расправата.
НАТО најави дека нема да учествува во евентуалната воена интервенција на САД во Сирија. Од членките на НАТО, покрај САД, најава за учество во таквата акција даде само Франција. Меѓу останатите членки, има такви кои и даваат поддршка на интервенцијата, но нема да учествуваат во неа, но и такви кои се противат на нападите.
Покрај за состојбата во Сирија, на средбата во Будимпешта ќе се разговара и за мисиите на НАТО во Авганистан и на Балканот, како и за воената трансформација на Алијансата.