Воени вежби на НАТО во балтичките земји и во Полска

Од:

Во балтичките држави и Полска денеска почна воена вежба на НАТО, предводена од САД, чија цел е смирување на соседните земји на Русија кои се вознемирени од тензиите во Украина.

Зголеменото воено присуство на Русија во Балтичко Море и воздушниот простор во тој регион по минатогодишната руска анексија на Крим предизвика загриженост на земјите од тој регион, кои пред 25 години беа зад железната завеса.

Повеќе од 6.000 војници од 13 земји-членки на НАТО учествуваат во воените вежби кои се одржуваат во Естонија, во Летонија, во Литванија и во Полска.

Воените вежби организирани од американската војска во Европа ќе траат до 19 јуни.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата