Воени маневри почна денеска германската армија во северните региони од земјата. Вежбите ќе траат до 23. мај, соопшти претставник на Бундесверот.
Во маневрите учествуваат околу 4.500 германски војници заеднички со единици од европски земји, САД и Турција.
Предвидено е да се користат околу сто хеликоптери и авиони, вклучувајќи борбени авиони „Торнадо“.
Во вежбите ќе се користи военовоздухопловната база во Холцдорф, во покраината Бранденбург.