Во северниот дел на филипинскиот архипелаг, во граничните спорни води на Јужното Кинеско Море, денеска започнаа воени маневри во кои до 16 мај, ќе учествуваат 3.000 филипински и 2.500 американски маринци.
Маневрите, насловени „Заедно го носиме товарот“, се прва од серијата заеднички воени вежби што ќе се одржат годинава и се дел од неодамна потпишаната спогодба за воена соработка на двете држави.
На почетокот на воените маневри на северот на Филипините реагираше официјален Пекинг, со изјава дека Кина се надева оти се работи за воени вежби што ќе придонесат за мир.
Изјавата се доведува во директна врска со се поголемите тензии во регионот, предизвикани од несогласувањата околу суверенитетот над водите на Јужното Кинеско Море, за кое Кина тврди дека е негова легитимна територија, но седум држави од регионот, најмногу Филипините, бараат Кина да го почитува меѓународното поморско право.