Воен советник на украинската влада: Инвазијата на Русија не ја принуди на преговарачка маса

Од:

Украинската инвазија даде огромен поттик на моралот внатре и надвор од земјата, изјави за Би-Би-Си воен советник на украинската влада. „Ја гледаме ситуацијата во САД и луѓето како Доналд Трамп, тие сè уште сакаат победници, луѓе кои можат да дадат резултати“, објасни Микола Билиесков.

Доналд Трамп и многу од неговите приврзаници во Републиканската партија изразија скептицизам за американската воена поддршка за Украина пред целосната руска инвазија во 2022 година. Билиесков, исто така, вели дека упадот има други цели освен изградба на тампон зона меѓу Украина и Русија.

Тој вели дека сакаат да „истражат психолошка димензија“, но признава дека упадот не ја принудил Русија на преговарачка маса. „За жал, не ја сменивме руската пресметка. Русија сè уште мисли дека може да победи воено“, вели Билиесков. Тој потврди дека „ова е сепак војна на изнемоштување, односно војна на ресурси“.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна