Воен брод на Јужна Кореја со предупредувачки истрели протерал два севернокорејски брода

Од:

Јужнокорејската воена поморска патрола денеска отвориле предупредувачки оган, за да одвратат две севернокорејски пловила кои за кратко навлегле во спорна територија кај морската граница меѓу двете држави, пренесе БТА.

Бродовите на Северна. Кореја – еден воен и еден рибарски – изутринава залутале во водите под контрола на Јужна Кореја и тоа траело помалку од 10 минути, пред да се повлечат, соопшти  извор од Министерството за одбрана во Сеул, кој побарал да остане анонимен.

Според неговото кажување, јужнокорејскиот брод испукал пет предупредувачки истрели. Нема жртви ниту од едната, ниту од другата страна.

Би можело да ве интересира

Во пет земји уапсени 435 лица за кривични дела поврзани со детска порнографија

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Јун Сук-Јол го напушти притворот во Сеул

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски