Водостојот на големите реки во Чешка се намалува

Од:

Нивото на големите реки во Чешка, на кои се уште е во сила опасноста од поплави се намалило речиси за половина, но расте водостојот на помалите реки, јави дописникот на МИА од Прага.

Во областа Кладенско во близина на Прага, од излевање на поток се поплавени неколку села и евакуирани нивните жители.

Нивото на реката Лаба, во најсеверниот дел на Републиката се уште е високо и за околината важи највисокиот степен на опасност од поплави особено во градовите Мелник, Усти над Лаба и Дјечин.

Водостојот на Влтава е ризичен на пет места, додека во Прага е намален и сообраќајот, особен на подземната железница се нормализира. Според метеоролошките прогнози, денеска и утре се очекуваат обилни врнежи од дожд и силен ветер.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица