Водителите кои ја излажаа медицинската сестра се каат за шегата после нејзината смрт

Од:

Мел Грид и Мајкл Кристијан, австралиски радио водители кои ја излажаа медицинската сестра Хасаинта Салдан да им открие доверливи иноформации за состојбата на принцезата Кејт во болницата, прв пат после инцидентот се огласија во јавноста и низ солзи признаа дека се скршени од тага што нивната шега ја натерала Хасинта да изврши самоубиство.

Во интервју за австралискиот „Скај Њуз“ двајцата водители истакна дека биле вџашени кога дознале дека медицинската сестра која ја излажале претставувајќи се како принцот Чарлс, односно кралицата Елизабета Втора, после тоа се уби.

– Прва работа која ја прашав кога дознав за таа вест беше да прашам дали имала деца. Единствено што отогаш сакам е да ги прегрнам и да им кажам колку ми е жал, изјави Мел.

– Помислата дека ние двајца имавме удел во тоа што се случило навистина не ужаснува, додаде радио водителката.

Таа и нејзиниот колега во моментов се под надзор на психијатар од страв да не си нанесат себеси некое зло, затоа што овој случај многу ги вознемирил.

Иако двајцата тврдат дека нивната шега требало да биде само шега и дека воопшто не се ни надевале дека Хасинта ќе им каже доверливите информации, сега се каат што таквата глупост воопшто им паднала на ум.

Во меѓувреме се огласи и родениот брат на медицинската сестра, Навин, кој тврди дека неговата сестра починала од срам.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство