Водачот на ИД во Либија убиен во американски воздушен напад

Од:

Пентагон соопшти дека во воздушен напад на воен авион на САД „најверојатно“ е убиен водачот на џихадистичката Исламска држава во Либија, Абу Набил.

Тој е Ирачанец по потекло и неговото вистинско име е Вишам Наим Абдзаид ал Забајади. За него се вели дека долго време важел како „оперативец“ на терористичката мрежа на Ал Каеда.

Според Пентагон, нападот бил извршен во петокот, во реонот на градот Дерна. Операцијата за неговото откривање и ликвидирање била одобрена пред терористичките напади извршени во петокот вечерта во Париз.

Во соопштението од Вашингтон се вели дека нападите против џихадистите може да се изввршат каде и тие да дејствуваат.

Светските агенции јавуваат дека Американците се уверени дека успеале да го најдат и убијат Набил.

Разузнавачки и безбедносни експерти веруваат дека Набил беше „портпаролот на ИД“ на снимката од Исламска држава, во февруари оваа година, кога беше прикажана егзекуцијата на египетските Копти во Либија.

Оваа северноафриканска земја и понатаму останува во ситуација на политички и бебзедносен хаос, со два влади, без вистински Парламент и без центтрална власт, по насилното соборување и убиство на полоковникот Моамер Гадафи.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија